Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.К.(41) од Куманово за сторено кривично дело грабнување.
Пријавениот на 01.јули годинава околу 21,00 часот, во населбата Пуковско ја грабнал М.З.(21) од Куманово, откако ја истепал со тупаница и шлаканица по лицето, а потоа и се заканил со нож и ја однел во неговата куќа.
Таму ја заклучил во една од собите, останувајќи заедно се до полноќ, кога ја отклучил вратата и внатре влегол неговиот татко.
Двајцата мажи се степале, а девојката го искористила моментот, избегала од собата и заминала во својата куќа.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk