Кривична пријава за криумчарење марихуана на Табановце

05.01.2016 15:32 | KumanovoNews

Царинската управа во декември поднесе  кривична пријава, до Основното јавно обвинителство во Куманово  против албански државјанин, заради обид за криумчарење на околу 3,8 килограми марихуана.

Кривична пријава за криумчарење марихуана на Табановце

Во текот на декември лани , на граничниот премин Табановце автопат, за излез од Република Македонија се пријавил албански автомобил, управуван од осомничениот. При контрола на автомобилот, во задниот браник како и во два бункери кои се наоѓале од двете страни по должина на целото возило, биле пронајдени вкупно три најлонски пакувања обвиткани со проѕирен најлон, индиго и проѕирна леплива лента, наполнети со непозната растителна материја со зеленкаста боја, која на тестер за дрога покажала присуство на марихуана. По извршено вештачење во Одделот за криминалистичка техника, при МВР, утврдено е дека непознатата растителна материја преставува опојна дрога – марихуана со вкупна тежина од 3831,2 грама.

Пријавениот е изведен пред судија на претходна постапка во Основниот Суд Куманово кој му одреди мерка притвор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk