Кривична пријава за кумановец, затоа што предизвикал пожар

16.08.2019 13:28 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.Ќ.(71) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Кривична пријава за кумановец, затоа што предизвикал пожар

На 05.08.2019 околу 11,00 часот во атар на село Орашац, кумановско, кај месноста викана „Косматица“, пријавениот, на парцели со лозје и житна култура, во негова сопственост предизвикал пожар, кој се проширил и зафатил површина од околу 15 хектари сува трева и ниско стеблести растенија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk