Кривична пријава за полицаец - малтретирал и повредил кумановец

04.03.2021 20:18 | KumanovoNews

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Д.К.(40) од Куманово – полициски службеник во Полициската станица Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

Кривична пријава за полицаец - малтретирал и повредил кумановец

На 14.12.2020, пријавениот во својство на полициски службеник при вршењето на службата физички го малтретирал И.П. од Куманово при што му нанел телесни повреди. Против полицискиот службеник е поведена и постапака за утврдување на дисциплинска одговорност.



Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk