Кривична пријава за претседателот на огранокот на СДСМ

24.03.2017 11:33 | KumanovoNews

 На претседателот на општинската организација на СДСМ, ќе му биде поднесена кривична пријава за насилство од МВР, поради инцидентот што пред три дена се случи на протестот „За заедничка Македонија“ во центарот на Куманово.

Кривична пријава за претседателот на огранокот на СДСМ

Како што соопштува МВР, инцидентот се случил во вторникот во 19.40 часот на улицата „Илинденска“ пред кафе барот „Корзо“, кога двајца трактористи кога тргнале дома по завршување на маршот ги пресретнал М.К.(34) од Куманово. Тој се нафрлил на првиот тракторист Р.Ц.(56) од селото Пчиња и почнал да удира по тракторот упатувајќи му навредливи зборови. Потоа заминал кон вториот тракторист Н.М.(23) и без никаков повод и причина го навредувал, го повлекол од тракторот и физички го нападнал ударајќи го со тупаници во пределот на телото, нанесувајќи му при тоа телесни повреди-контузија на кичмата.

Веднаш по инцидентот М.К. бил приведен во Кумановската полиција и по извршен алкотест откриени му се 1.47 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање и расчистување на настанот до ОЈО Куманово ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело насилство, - соопштуваат од МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk