Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.З.(56) од Куманово, за сторено продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Сметководителот вработен во основно училиште во Куманово, во текот на 2013, 2014 и 2015 година во повеќе наврати при изработка и пресметка на месечната бруто плата за себе и други вработени, нереално го прикажувал работниот стаж вршејќи промена на податоци-зголемување и намалување на реалниот работен стаж и тоа без правен основ од надлежен Фонд за пензиско и инвалидско осигурување и спротивно на Законот за минимална исплата на плата.
Сето тоа довело до нереално прикажување на процентот за минат труд, а со тоа и на конечниот износ на бруто плата за точно неутврден износ, за кој е оштетен буџетот на Р. Македонија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk