Кривична пријава за стечајната управнички во Бисерка

18.03.2013 14:00 | KumanovoNews

 А.Г.(47) од Скопје, стечајна управничка на ТД „Бисерка“ АД во стечај ќе одговара за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „лажно пријавување на кривично дело“, а  И.С.(38) од Куманово и Д.Ѓ.(28) од с.Тромеѓа за помагање на делото.

Кривична пријава за стечајната управнички во Бисерка

Во октомври 2012 година, А.Г. во Кумановската полиција лажно пријавила дека во периодот од јули до септември 2012 година, без нејзино одобрение, обејктот на бањата во с.Проевце е пуштен во употреба и дека се ангажирани лица за обезбедување, иако по предходен договор со И.С. и Д.Ѓ., инаку поранешни вработени во АД „Бисерка“, без одлука на одборот на доверители, им дозволила на истите да стопанисуваат со објектот. При тоа во два наврати им исплатила во готово вкупно 48.000 денари, оштетувајќи го АД „Бисерка“ во стечај.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk