Кривична пријава за шверцер на спортски дресови

28.11.2016 15:03 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.С.(34) од с.Гошинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и „даночно затајување“.

Кривична пријава за шверцер на спортски дресови

На 07.06.2016 година околу 18.00 часот од страна на полициски службеници на локалниот пат за с.Гошинце било запрено ТМВ „Ивеко“, управувано од пријавениот, во кое при извршен преглед биле пронајдени 42 вреќи со текстилна стока во која имало спортски дресови од брендовите „Nike“, „Adidas“ и „Puma“ – означени со фалсификувани логоа, со вкупна вредност од 1.707.269,68 денари, за кој пријавениот знаел дека се прокриумчарени во Р.Македонија, со што  избегнал плаќање на давачки по основ на царина, акцизи и данок во износ од 254.488,68 денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk