Кривична пријава за тетовка која поседувала хероин

03.05.2018 11:15 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против В.Т.(33) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психтропни супстанции и прекурсори.

Кривична пријава за тетовка која поседувала хероин

На 30. март годинава на граничниот премин „Табановце“ на влез во Р.Македонија, од страна на царински службеници, при детален преглед на патнички автобус под седиштето на кое седела пријавената, биле пронајдени и одземени, 13,44 грама хероин и шише со метадон, кои ги набавила во Самобор, Хрватска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk