Кривична пријава за убиство на дете при породување

03.10.2016 13:21 | KumanovoNews

Кривична пријава за убиство на дете при породување заработи девојката што се породи во тоалет и го фрли бебето во река во селото Матејче.

Кривична пријава за убиство на дете при породување

Кумановската полиција поднесе кривична пријава А.М. (19) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство на дете при породување“, бидејќи на 18. август, откако добила породилни болки, се затворила во купатилото и родила живо женско дете, кое потоа го ставила во корпа за отпадоци и го фрлила зад семејната куќа. Од страна на полициски службеници бил извршен увид на местото на настанот, а од извршениот претрес било пронајдено мртвото новороденче.

Убиството на бебето е откриено откако на девојката и се влошила здравствената состојба и почнала обилно да крвари, па вечерта родителите ја однеле во Општата болница Куманово. При преглед гинеколог утврдил дека таа се породила предходниот ден. Случајот бил пријавен во Кумановската полиција, по што било пронајдено безживотното тело на бебето. Било тешко 2,5 килограми и останало живо неколку часа. Имало повреда на главата најверојатно од удар при пад во реката.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk