Кривична пријава затоа што се заканувал со нож

16.05.2018 14:18 | KumanovoNews

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против М.Т.(18) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

Кривична пријава затоа што се заканувал со нож

На 30.04.2018 година околу 17.40 часот  во дворот на средното економско училиште во Куманово, по претходна вербална расправија, пријавениот физички го нападнал А.В., при што извадил нож и му се заканувал.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk