Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сопственик на приватна градежна фирма заработи кривична пријава поради бесправна градба на станови.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.М.(52) од Куманово управител на „Стан Арт“ и фирмата „Стан Арт“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ и Т.С. (38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и „фалсификување на службена исправа“. Првопријавениот како управител во текот на 2012 и 2013 година изведувал градежни работи и изградил зграда за колективно домување со посебни стамбени единици наменети за продажба со која постапиле спротивно од основниот проект изработени од второпријавеното лице, а со тоа и спротивно на одобрението за градба. Прво и второпријавените уште во фаза на градба извршиле продажба на 10 стамбени единици, заеднички простории и гаражни места на повеќе лица од Куманово со кои биле склучени преддоговори, а потоа и договори за продажба на становите со што се стекнале со противправна имотна корист од 24.496.748 денари. Третопријавената како архитект и главен надзорен инжињер постапила спротивно на Законот за градење со што пропуштила должен надзор на предметните објекти со што им овозможила да се стекнат со противправна имотна корист, а при тоа по извршениот технички преглед на градбата изготвила и со свој потпис и печат заверила два извештаи за извршен технички преглед во кои навела невистинита содржина и податоци кои се однесуваат на тоа дека градбите биле изградени согласно основниот проект и нема недостатоци кои требало да бидат отстранети. По ова, во Секторот за урбанизам-општина Куманово извештаите биле употребени во постапка за запишување на градба во јавна катастарска книга на недвижности.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk