Кривична за директорот на Општата болница

13.05.2016 11:59 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Л.(49) од Куманово, директор на ЈЗУ Општа болница-Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Кривична за директорот на Општата болница

Во текот на 2015 и 2016 година, пријавениот не презел законски мерки и не спровел судски спор со тужба пред надлежен Основен суд за неисполнување на обврски од договор за упатување на специјализација на специјализант од ЈЗУ Општа болница-Куманово. Имено, со договор специјализантот бил испратен на специјализација на Медицински факултет во Скопје за време од пет години. За тоа време специјализантот примал плата, патни трошоци, надоместоци но не ја завршил на време специјализацијата, а директорот не презел законски мерки поради неисполнетата обврска. При тоа му овозможил на специјализантот да се стекне со противправна имотна корист од 709.600 денари на штета на буџетот на болницата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk