Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.Т.(25) и М.П.(35), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.
На 11. мај годинава околу 16.10 часот на ул. „Моша Пијаде“ во Куманово, додека пријавените се движеле со патничко возило „Цитроен“, го забележале Д.П.(23) од Куманово и без причина првопријавениот излегол од возилото и со нож го удрил Д.П. во пределот на главата, нанесувајќи му расекотина над левото уво. Во нападот се приклучил и второпријавениот кој, исто така, држел нож во десната рака и им се заканил на присутните лица да не се мешаат и физички го нападнал со тупаници и клоци во пределот на главата и телото.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk