Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.А.(54) од с.Опае, поранешен вработен во Агенцијата за катастар на недвижности – Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
Имено, пријавениот, во два наврати во март 2012 година, како самостоен референт-Геодет во Агенцијата за катастар на недвижности - Куманово, ја злоупотребил својата служба, со намера на лицето М.С. да му овозможи стекнување со противправна имотна корист. Истиот во агенцијата оформил предмет за наводна исправка на техничка грешка по службена должност за две катастарски парцели во катастарска општина Мглинце, со вкупна површина од 32.951 м², кои биле со неутврдено право на сопственост без никаков правен основ. Со изготвување на Потврдите за исправка на техничка грешка, внел невистинити податоци за сопственост на истите, а потоа истите ги заверил со свој потпис и ги спровел во електронски систем на Агенцијата за катастар, со што ги префрлил во Имотен лист број 92 во сопственост на М.С.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk