Кривична за хакер на мејл адреси на фирма

10.02.2017 13:06 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против В.Н. за сторено кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.

Кривична за хакер на мејл адреси на фирма

Пријавениот откако со неговиот пренослив компјутерски систем-таблет набавил шифри на интернет, неовластено навлегол во компјутерскиот систем, односно хакирал две e-mail адреси на правно лице од Куманово и притоа го оштетил В.Н.- Управител на фирмата. Оневозможуваќи му на управителот пристап до податоците- меѓусебна комуникација со други фирми соработнички, за возила кои добиваат налози за движење и рутирање од e-mail адресите, со што возниот парк на оштетениот бил доведен до застој.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk