Кривична за кумановец кој пробол со нож сограѓанин

26.06.2015 18:46 | KumanovoNews

 Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.Ш.(40) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело обид за убиство.

Кривична за кумановец кој пробол со нож сограѓанин

 Минатиот месец околу 21 часот во „Ретро кафе“ во Куманово, започнал расправија со А.М.(29) од Куманово, а потоа надвор од кафетеријата пријавениот го нападнал оштетениот со нож нанесувајќи му убодна рана во  вратот и расекотина на грбот, по што избегал. А.М. бил пренесен во Општа болница Куманово, каде му се констатирани телесни повреди.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk