Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.Л.(21) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.
На 29. јануари годинава околу 2 часот по полноќ, во ноќен клуб на улицата Ленинова, пријавениот, откако почнал да се однесува агресивно бил изведен надвор од страна на лицата кои го обезбедуваат објектот. После тоа од возилото зел пиштол непозната марка со кој им се заканувал на истите.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk