Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.М.(38) од Куманово, поради лажно пријавување за подметната бомба.
Според МВР, пријавениот пред два месеци во полицијата лажно пријавил дека на мобилниот телефон добил порака дека под неговото патничко возило „Фиат Мареа“ има подметнато бомба. Специјалци од единицата за антитероризам излегоа на булеварот „Октомвриска револуција“ го блокираа квартот каде беше паркиран автомобилот. По неколкучасовна проверка беше утврдено дека дојавата е лажна.
И.М. ќе одговара за постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk