Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Љ.М. (20) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.
На 12.март годинава во Казнено поправната установа Затвор Охрид, во просторијата во која пријавениот издржувал мерка самица, осуденикот, најверојатно, со цигара намерно запалил кебиња и јоргани.
Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната противпожарна единица.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk