Кривична за насилниците што претепале месар

26.10.2016 11:25 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.С.(23), Б.С.(25) и Д.С.(20), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

Кривична за насилниците што претепале месар

На 27.09.2016 година околу 16.20 часот, откако дошле пред месара на ул. „Иво Лола Рибар“ во Куманово и фрлиле отпушок од цигара, биле опоменати од оштетениот С.А.(21) од Куманово да не фрлаат отпушоци,  истите со употреба на физичка сила го нападнале удирајќи го во пределот на главата и телото по што му нанеле телесни повреди.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk