Кривична за осомничениот за убиство на полицаецот

09.08.2016 13:08 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава за убиство против Енвер Бајрамовски (33) од Куманово, осомничен за убиството на полицаецот Горан Станишевски (36) од Куманово.

Кривична за осомничениот за убиство на полицаецот

Убиството се случи на 30 јули годинава, кога полицаецот со своите колеги постапувал по пријава за семејно насилство на ул.„Средорек“ во Куманово. Околу 22.00 часот екипата со возило на брза помош влегле во дворот на куќата при што на Бајрамовски почнал силно да вика и да фрла со стаклени предмети кон полициските службениците. При совладувањето пружал силен отпор, а во еден момент се отргнал и земал кујнски нож, со кој замавнал и го пробол Станишевски.

Лекарите на брза помош му укажале помош на лице место, а веднаш бил префрлен на хируршкото одделение и во кумановската болница каде започнала реанимацијата. По кратко време полицаецот подлегнал на повредите.

Бајрамовски подолг период престојувал во психијатриската болница Бардовци во Скопје, а бил пуштен дома на 25 јули, неколку дена пред убиството.

Родителите на Енвер велат дека тој боледувал од шизофренија над 20 години. Имал напади на агресивно однесување и кршел се околу себе. Татко му во петокот, ден пред убиството, го однел во болницата во Бардовци, но докторката го вратила бидејќи сметала дека здравствената состојба му е добра а и немало место во болницата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk