Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полција поднесе кривична пријава против 54 годишниот И.А. село Опае,инаку, поранешен референт во Агенцијата за катастар за недвижности, поради сомневање дека ја злоупотребил на службена положба и овластување и ја фалсификувал службена исправа.
Според МВР,тој во периодот од речиси две години,од 15.06.2010 до 05.03.2012 година, во пет наврати, ја злоупотребил службената положба. На пет лица од Куманово им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист.
Според полицијата,поранешниот рефрент, незаконски во Агенцијата за катастар оформил предмети за наводна исправка на техничка грешка по службена должност за шест катастарски парцели од катастарска општина Длабочица со вкупна површина од 55.259 метри квадратни, кои биле со неутврдено право на сопственост.
Потоа истите, без никаков правен основ, ги впишувал како сопственост на петмината, по што заверувајќи ги со свој потпис и печат ги внел во електронскиот систем на Агенцијата за катастар, и за истите катастарски парцели издал имотни листови на име на лицата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk