Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.С.(53), директор на основното училиште „11 Октомври“, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Пријавената, во својство на одговорно лице во периодот од 2011 до 2015 година во повеќе наврати и на различни начини ја злоупотребила службената положба со неизвршување на својата службена должност, при што во училиштето се појавил недостаток на компјутерска опрема, односно не ја осигурала опремата од секаков вид на штета и кражба и не ја вовела во материјалната и книговодствена евиденција, а исто така не пријавила до надлежните органи. Директорката без одлука од училишниот одбор склучила два договори на дело во 2013 и 2014 година со Н.Н. од Куманово кого го ангажирала за одржување на компјутерската опрема и за истото му исплатила 53.500 денари од сметката на училиштето.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk