Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против В.Л.(55) од Куманово, референт во ПИОМ-Филијала Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“.
На 22.03.2016 година, пријавената на бланко документи за потрошувачки кредит се потпишала на местото управител и овластен сметководител по што со службен печат на Фондот го заверила документот, а потоа во Уни Банка Куманово го приложила врз основа на кој и бил одобрен кредит во износ од 60.000 денари.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk