Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Т.С.(38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда при семејно насилство.
На 26. мај годинава околу 09.30 часот внукот отишол во куќата на неговата баба М.И. (84) и и се заканил дека ќе ја убие ако не му даде пари, по што физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа и ја свиткал раката и и нанел тешка телесна повреда. Пријавениот бил уживател на опојни дроги и подолг временски период ја малтретирал неговата баба.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk