Кривична за сопственици на портал

02.09.2016 13:27 | KumanovoNews

Битолската полиција поднесе кривична пријава против Д.К (28) од Куманово, А.П.(26) од Скопје и „Медиа пет“ ДООЕЛ Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Кривична за сопственици на портал

Првопријавениот, уредник на веб порталот „Think.mk“ и второпријавениот, управител на „Медиа пет“ ДООЕЛ Скопје, спротивно на одредбите од законот за лични податоци, без согласност на Н.М. од Битола, објавиле лажен профил на социјалната мрежа Фејсбук со нејзина фотографија и нејзино име. Истите, притоа објавиле и коментар со непримерна содржина, а содржината ја објавиле и на веб порталот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk