Кривични пријави за бесправно градење и несовесно работење против две лица од Куманово

19.06.2025 13:43 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против две лица и фирма, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „несовесно работење во службата“. 

Кривични пријави за бесправно градење и несовесно работење против две лица од Куманово

„Во 2023 година, првопријавениот, управител на пријавеното правно лице, без соодветно одобрение изградил две градби од втора категорија, за што третопријавената како овластен градежен инспектор несовесно постапила и при извршен вонреден надзор погрешно ја констатирала фактичката состојба, составувајќи два записници со невистинити податоци дека првопријавениот изградил монтажна настрешница како времен објект“, соопшти МВР.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk