Кривични пријави за двајца кумановци, кои не ја почитувале мерката за самоизолација

19.03.2020 11:57 | KumanovoNews

 Двајца кумановци кои биле на работа во Италија и Австрија не ги почитувале мерките за самоизолација, поради што добија кривични пријави заради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Кривични пријави за двајца кумановци, кои не ја почитувале мерката за самоизолација

 Од СВР Куманово соопштуваат дека до ОЈО Куманово поднеле 2 кривични пријави против Н.Т.(39) и против Н.К.(50), двајцата од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 ст.1 од Кривичниот законик на РСМ.

Н.Т., враќајќи се од Италија, како високо ризична земја утврдена во листата на Светската здравствена организација, на 15.03.2020 година влегол во државата преку граничниот премин „Ќафасан“, при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово на 17.03.2020 година, тој не бил пронајден на адресата која ја навел во изјавата.

Второпријавениот Н.К., дошол од Австрија  на 16.03.2020 година и влегол преку „Деве Баир“, при што потпишал изјава за задолжителна самоизолација  од 14 дена. При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово на 17.03.2020 година, тој не бил пронајден на наведената адреса во изјавата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk