Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.Д.(44) оператор, поранешно вработен во „ЕВН-Македонија“-ХЕЦ Куманово и Е.А.(38) електромонтер, поранешен вработен во во „ЕВН-Македонија“-ХЕЦ Куманово за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, а второпријавениот и за фалсификување или уништување деловни книги.
Во текот на 2013 година, првопријавениот во два наврати спротивно на законските прописи незаконски ги сменил матичните податоци во системот за евиденција, кој се води во „ЕВН Македонија“ и на име на потрошувачот А.А. од Куманово впишал матични податоци на Џ.Н. од с.Романовце, по што извршил активирање на новото броило без соодветна документација. По ова, второпријавениот фиктивно извршил замена на старото броило на потрошувачот А.А. со новото броило на Џ.Н., а за извршените промени изготвил и потпишал службена исправа со невистинита содржина која била внесена во системот за евиденција на „ЕВН“. На овој начин пријавените го оштетиле „ЕВН“ за 90.000 денари.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk