Кривични пријави за хакери на фејсбук профил

01.12.2017 09:57 | KumanovoNews

Неколку кумановци го пробиле кодот и го преземале фејсбук профилот на нивен сограѓанин.

Кривични пријави за хакери на фејсбук профил

Кумановска полиција поднесе кривична пријава против А.Д. (22) и В.И. (24), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем, како и против Ј.Д. (21) од Куманово, М.И. (22) од Велес и Н.Т. (21) од с.Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело соизвршителство во врка со оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.

Во февруари годинава, Ј.Д., по претходен договор со А.Д. (22), на телефонски апарат на оштетениот го забележала потребниот код за почнување постапка за преземање на нечиј профил. Кодот го пратила на А.Д., кој заедно со В.И. и Н.Т. ја продолжиле постапката за преземање на фејсбук профилот.

Откако телефонски ги добиле потребните кодови од страна на М.И., А.Д. ги внел на предметниот фејсбук профил, по што профилот бил преземен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk