Кривични пријави за игри на среќа без лиценца

03.11.2014 13:51 | KumanovoNews

Во три одвоени случаи полицијата поднесе кривични пријави против жители на Слупчане, Липково и Черкези, заради нелегално организирање игри на среќа.

Кривични пријави за игри на среќа без лиценца

Б.А.(39) од село Слупчане, годинава земал под закуп објект во селото и организирал игри на среќа, без да извади лиценца со што го оштетил државниот буџет за 6,4 милиони денари, а натписот на фирмата “Бет Ат-Хом“ го употребил на тикетите.

Во вториот случај А.М.(41) за да заработи незаконски земал под закуп објекти во општина Липково и го оштетил буџетот на Република Македонија за скоро 13 милиони денари.

Во третиот случај С.А.(29) од село Черкези приредувал игри на среќа без лиценца со што го оштетил државниот буџет за 6,5 милиони денари.

Против организаторите се поднесени кривични пријави за приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган, даночно затајување и повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма, а луѓето кои им издале објекти ќе одговараат за помагање.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk