Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кривични пријави за напад на службено лице заработија кумановци, кои во два одделни случаи се обиделе физички да се пресметаат со полицајци, додека биле на работа.
На улица “Моша Пијаде“ во текот на ноември околу 3 часот, полицајци стопирале автомобил заради сообраќаен прекршок. Н.Н.(32) и С.Н.(28) почнале да се расправаат со полицајците, по што Н.Н. му скинал дел од униформата на полицаецот, а С.Н. го спречувал во службени дејствија.
Во вториот случај во октомври во попладневните часови, полицајци отишле кај М.З.(33) за да извршат претрес и да го приведат, но тој физички нападнал еден од полицајците.
Н.Н. и М.З. ќе одговараат за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, а С.Н. за спречување на службено лице при вршење службено дејствие.
( фото архива)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk