Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Д.(25), Н.С.(23) и И.Д.(20), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.
На 12.септември годинава околу 01.35 часот на улица „Перо Чичо“ во Куманово, пријавените, заедно со уште две непознати маскирани лица, го нападнале Б.С.(23) од Куманово.
Со метални шипки го удирале во пределот на рацете, главата и телото, со што му нанеле тешки телесни повреди.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk