Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во два одделни случаи се поднесени кривични пријави против насилници од Куманово.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.Ј.(40) од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело насилство. Пријавениот, во август 2015 година, во Куманово на автобуската постојка во близина на Општа болница Куманово без повод и причина почнал да го навредува Н.С.(40) од с.Долно Којнаре, а потоа и физички го нападнал нанесувајќи му телесни повреди.
Против В.М.(29) од Куманово, полицијата поднесе кривична пријава поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело насилство. Тој во ноември годинава , во 2.20 часот, во кафе барот на бензинската пумпа „Детоил“ во село Доброшане, започнал вербална расправија со гостин во кафе барот, кој сакал физички да го нападне, а бил спречен од страна на вработените. По ова, В.М. се вратил во објектот и со дрвен предмет ги нападнал вработените на бензинската пумпа Д.С.(33), Ч.С.(43) и гостите Д.С.(35), В.С.(22), М.М.(29) и Д.П.(24), нанесувајќи им телесни повреди, а го оштетил и инвентарот во објектот, како и автомобил „голф“ сопственост на Д.С.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk