Кривични пријави за поранешни раководители на Водостопанство

13.07.2019 11:33 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(44) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против С.Ѓ.(62) и С.Л.(36), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.

Кривични пријави за поранешни раководители на Водостопанство

Во текот на 2016 и 2017 година второпријавената, како раководител во АД „Водостопанство“ – подружница Куманово, по претходно распишан тендер за набавка на ХТЗ опрема, во пет наврати изготвила лажни приемници за набавена ХТЗ опрема од фирма од Куманово, по што првопријавениот, како директор на наведената подружница, ги одобрил фактурите за набавената опрема доставени од наведеното правно лице. По ова, второпријавената и третопријавениот, како раководител во наведеното акционерско друштво, по укажување од првопријавениот, изготвиле лажни списоци и испратници за задолжување на набавената ХТЗ опрема на вработени во наведеното акционерско друштво. Со ова пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 732.799 денари на штета на АД „Водостопанство“ Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk