Кривични за геодет и сопственик на шума

04.01.2019 20:40 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.А.(56) од село Режановце, за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување службена исправа, против Д.Ј.(36) од Куманово, за сторено кривично дело несовесно работење во службата и против С.А.(37) од село Горно Којнаре, за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување службена исправа.

Кривични за геодет и сопственик на шума

Во текот на 2010 и 2011 година во атар на село М’глинце, кумановско, од парцела сопственост на С.А., согласно одобение од ЈП„Македонски Шуми“, извршил сеча на 250 м³ огревно дрво. Потоа, истиот поднел барање за исправка на површината на наведениот имот, за што И.А., како геодет во одделението за катастар на недвижности Куманово, без да излезе на лице место за да ја утврди фактичката состојба, по претходен договор со третопријавениот, ја отпишал целокупната површина од наведениот имот, и запишал нови катастарски парцели, кои имале површина поголема за околу 6.000 м². Второпријавениот, како раководител на одделението за катастар на недвижности Куманово,  не извршил надзор и контрола над работата на првопријавениот, по што била евидентирана промената на сопственоста на имотот на третопријавенот.

Со ова, прво и второпријавениот му овозможиле на третопријавениот да се стекне со противправна имотна корист од 700.000 денари, нанесувајќи му при тоа штета од 1.750.000 денари на шумскиот фонд на Р.Македонија. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk