Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.Ј.(29), М.О.(33), М.О.(34) и Б.И.(35) сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Пријавените на 31.05.2016 година, околу 03.40 часот пристигнале во ресторанот кој е во состав на бензинската пумпа „Лукоил“ на автопатот Куманово-Скопје, кај с. Романовце. При тоа првопријавениот отишол до шанкот и започнал расправија со вработениот, по што второпријавениот физички го нападнал удирајќи го по главата и телото. Потоа го извлекол од зад шанкот и останатите пријавени почнале да го удираат по главата и телото, при што му се нанесени телесни повреди.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk