Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
С.А.(67), шеф за заштита на шуми и екологија во ЈП „Македонски шуми“ – подружница Куманово, заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“, а Д.Ц. (35) е осомничен за сторено кривично дело „пустошење шуми“.
Во април 2012 година, С.А. постапувајќи по барање за издавање одобрение за сеча на дрва поднесено од Д.Ц. не извршил увид на терен и идентификација на катастарската парцела, а заверил записник за увид на местото на настанот и одобрение за сеча на дрво, по што Д.Ц. извршил сеча од 56,296 метри кубни дрва, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 1.301.250 денари.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk