Кривопаланчани го чествуваат „Свети Јоаким Осоговски“, на литургијата присуствуваше и претседателот Пендаровски

29.08.2022 19:09 | Жаклина Цветковска

Денеска кривопаланчани го чествуваат големиот христијански празник посветен на заштитникот на градот „Свети Јоаким Осоговски“.

Кривопаланчани го чествуваат „Свети Јоаким Осоговски“, на литургијата присуствуваше и претседателот Пендаровски

По тој повод во Осоговскиот манастир, посветен на овој пустиножител, присуствуваат голем број на верници и гости од земјата и странство, кои се поклонуваат пред моштите на светецот.

На утринската богослужба и света архиерејска литургија, со сечење на славскиот колач и водосвет, присуствуваше и претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, кој им го честиташе празникот на православните христијани.

И оваа година Крива Паланка беше средиште на голем број гости по повод празниците поврзани со „Успение на Пресвета Богородица“ и патронот „Свети Јоаким Осоговски“. Беа одржани бројни свечености, пуштање на повеќе објекти во употреба, придружени богата културно-забавна програма.

Во изминатите денови на Градскиот плоштад беше одржан Меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ и традиционалниот Joy фест на кој настапија Каролина Гочева, Бени и Нон Стоп и Брас Брадерс“, а посебна вечер од фестивалските денови беше 28 август, во чест на Денот на рударите , на која настапија Црвена јабука, Аца Лукас и Нокаут.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk