Кризниот штаб бара младите и угостителите да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19

23.03.2021 14:41 | KumanovoNews

Општински штаб за заштита и спасување, бара од младите и сопствениците на угостителските објекти, да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19 за да се спречи ширењето на вирусот.

Кризниот штаб бара младите и угостителите да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19

„Заради зголем број на заразени, особено на младата популација и нивните семејства, апелираме до граѓаните, како и до сопствениците на угостителски објекти и маркети да ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, поточно, социјална дистанца од 2 метри, како и да се намалат семејните собири во затворен простор и собири на млади луѓе во поголеми групи“, - соопштуваат од штабот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk