Кризниот штаб ги утврди критичните точки на реките

29.01.2015 14:34 | KumanovoNews

Општинскиот кризен штаб ги утврди критичните точки во кумановско, каде може да дојде до излевање на речните корита.

Кризниот штаб ги утврди критичните точки на реките

Критични точки на кои посебно треба да се внимава при поплавите кои се очекуваат во наредните денови се: река Липковка по течението  кај село Режановце и ЈП „Македонски шуми“ (расадник),  се до железнички мост, река Кумановка кај локалитет Водовод и кај Митев мост, а Крива река во селата Довезенце и Јачинце - стои во соопштението од Општинскиот кризен штаб.

На вчерашната седница на Општинскиот кризен штаб, беше договорено насипи да се направат на местата каде може да дојде до излевање на водата од речните корита.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk