Кризниот штаб расправаше за поплавите во општината

19.11.2014 19:31 | KumanovoNews

Општинскиот кризен штаб за справување со кризи попладнево одржа состанок на кој расправаше за поплавите во Општината.

Кризниот штаб расправаше за поплавите во општината

Заеднички заклучок на сите представници од надлежните институции беше под итно да се интервенира на проширување на речните корита за да се спречи понатамошното излевање на реките Којнарка, Липковка и Кумановка и да се помогне на поплавените семејства во санирањето на штетите.

Ќе се интервенира на неколкуте клучни точки, а пред се, од локалитетот „Водовод„ во населбата Средорек до соединување на реките Којнарка и Липковка. Таму речното корито е узурпирано и треба да се прошири и од едната и од другата страна, со што ќе создадат услови за подобар проток на водата. Треба да се отстранат и израснатите дрвја и бујаната вегетација која ги стеснува коритата по целото течение на реките. Ние немаме законско право сами да интервенираме без одобрение на министерствата, и затоа денеска поднесовме барање да ни се дозволи да влеземе и да го прошириме речното корито. На тој начин ќе ја ублажиме сегашната состојба и ќе спречиме нови поплави ако дојде до зголемување на нивото на водата- изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

 Од штабот информираа дека состојбата на терен се смирува и водостојот на реките опаѓа, па ако нема нови врнежи во текот на ноќта нема опасност од нови поплави.

Во текот на утрешниот ден ќе се состане и регионалното тело за справување со кризи, а итна седница ќе одри и Советот на општината Куманово. Во меѓувреме состојбата на терен ја следат дежурни екипи. Општината набавила и 4 пумпи за исцрпување на водата кои од утре ќе бидат ставени во функција. Истовремо ќе се поставуваат и вреќи со песок на местат каде постои опасност водата да прелие.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk