Крпи ја затнаа пречистителната станица

24.07.2014 09:49 | KumanovoNews

Отпадоци од текстил, крпи и сретства за хигиена, што кумановци ги фрлаат во канализацијата, ја затнаа пречистителната станица за отпадни води во селото Добрешане.

Крпи ја затнаа пречистителната станица

Нечистотија, која се недели се собирала по реките и одводните канали, на станицата ја донела водата по последните врнежи. Од јавното претпријатие „Вододовод„ апелираат до несовесните граѓани да не го фрлаат ѓубрето во канализација, бидејќи им создаваат технички проблеми.

Пред два дена моравме да ги чистиме пумпите кои беа преполнети со секаков смет, а најмогу текстилни отпадоци. Тоа ни прави проблеми во работата на системот и ја уништува скапата орема. Секоја поправка многу чини. Затоа се надевам дека овој наш апел ќе допре до еколошката свет на несовесните граѓани, - вели Зоран Славковиќ, раководител во пречистителната станица.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk