“Крсте Мисирков“ користи смарт табла

25.04.2013 07:59 | KumanovoNews

Основното училиште “Крсте Мисирков“ од февруари годинава користи смарт табла која е донација од Министерството за образование.

“Крсте Мисирков“ користи смарт табла

Таблата е поврзана со лаптоп, имаме софтвер, лиценца која трае пет години. Интерактивната табла  е поврзана со компјутер и така е овозможено „Итеракција – човек- комјутер. Може да се црта, бои, да се снима одреден час, снимениот час може да се отвири нареден ден и да се продолжи со работа. Имаме геометриски фигури за математика, готови шаблони за физичко, мултимедијални презинтации  итн. Моментално имаме сертификати јас и професорот по физичко, Југослав Спасиќ за користење на оваа табла. Ќе организираме обуки за другите професори за да ја користат интерактивната табла - вели Бобан Поповски, професор по информатика.

Тој објаснува дека учениците се презадоволни од смарт таблата, не користат маркери,  креди и се повнимателни на часот.

На смарт таблата може да се пишува со прст, и тоа ја зголемува желбата на учениците за активност на часови.

Професорот Поповски раскажува дека на многу олимпијади, натпревари за напредно програмирање имаат освоени први, втори и трети места и со тие 40 дипломи конкурирале за добивање на смарт табла.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk