Крвава тепачка за жена

26.03.2010 15:54 | KumanovoNews

Двајца кумановци се повредени во тепачка што еден час по полноќ се случила на улицата „Србо Томовиќ“ бр. 16 во Куманово. Е.Р (17) и Е.И (18) се здобиле со повреди по главата и телото, откако се испотепале за жена што ја сакале нивните браќа. 

Крвава тепачка за жена

Физичката пресметка помеѓу двете ромски семејства започнала во куќата на Ибраим Рамизов (19), кога упаднал Р.И.(27) со своите двајца браќа и сакал насила да ја врати дома поранешената сопруга Џ.К. која го оставила пред три месеци и сега живеела со Ибраим.

Додека шестчленото семејство Рамизов спиело, насилниците влегле во куќата и со нож го нападнале помалиот брат  Е.Р., при што му ја пресекле дланката. Кога видел што му се случува, Ибраим зел стап и почнал да мава по нив, при што повредил еден од напаѓачите. Бегајќи од куќата браќата  возвратиле со камење и побегнале.

Повредените се пренесени во ургентниот центар во Куманово и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Едниот од пациентите имаше повреда на главата и подлактицата, а второто момче со повреда на тетива на шаката. Тое се хируршки згрижени и пуштени дома - велат од болницата.

Увид на лице место извршила полицијата, а против учесниците во тепачката ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk