Крводарителска акција на ЛДП

19.04.2016 14:08 | KumanovoNews

Општинската организација на Либерално демократската партија денеска по повод 19.роденден организираше крводарителска акција која се одржа во Заводот за трансфузиологија при Општата болница во Куманово.

Крводарителска акција на ЛДП

Во акцијата учествуваа членови и симпатизери на партијата.

Досега сум задоволен од одзивот, секоја година е традиционална акцијата.  Имаме некаде околу 15-ина крвни единици собрано до крајот мислам дека ќе имаме над 20-изјави претседателот на ОО на ЛДП Куманово, Ивица Костовски.

Како и секогаш Црвениот крст беше соработник во оваа акција, а крводарителите истакнаа дека со задоволство зимаат учество во хуманите акции.

Целта на дарување крв се знае спасување нечиј живот денеска ми е некаде 128 пат, додека ме служи здравјето ќе дарувам-изјави еден од крводарителите.

По повод на 19.роденден општинскиот одбор на ЛДП Куманово вечерва ќе одржи свечена седница.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk