Крводарителска акција на „Наше Куманово“ во кружната сала на Комитет

12.06.2023 12:57 | Оливера Пешевска

Во среда во просториите на кружна сала на поранешен Комитет, од 10 до 16 часот ќе се одржи крводарителска акција, која ја организира здружението „За наше Куманово“ во соработка со Институт за трансфузиологија од Скопје.

Крводарителска акција на „Наше Куманово“ во кружната сала на Комитет

Крводарителската акција се организира по повод Светскиот ден на крводарителство, под слоганот „Дарувај крв, спаси живот“.

„Со оглед на тоа што живееме во непредвидливо време, многу често се соочуваме со недостиг на крвни единици од сите крвни групи. Затоа, да бидеме хумани и да спасиме нечиј живот, само така можеме да го движиме општеството напред. Ги повикувам сите граѓани на Општина Куманово да се приклучат во крводарителската акција и заеднички да помогнат да се спаси нечиј живот“, изјави Стефан Петковски, портпарол на здружението.

 Здружението „За наше Куманово“ по втор пат организира крводарителска акција и најавува дека ќе стане традиционална.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk