Крводарителска акција организира СВР Куманово

16.06.2021 18:35 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, утре ќе се одржи крводарителска акција, која ја организира Секторот за внатрешни работи Куманово.

Крводарителска акција организира СВР Куманово

„Согласно годишен план на МВР за 2021 година, утре на 17.06.2021 година, со почеток од 9 часот,  СВР Куманово ќе спроведе редовна крводарителска акција за вработените. Согласно мерките и препораките донесени од Владата на РСМ крводарителската акција ќе се оддржи во просториите на НУЦК Трајко Прокопиев“, соопштуваат од Кумановската полиција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk