Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинската организација на СДСМ денеска организираше крводарителска акција, по повод 17 март Денот на крводарителството.
„На наше задоволство, по 23 пат општинската организација на СДСМ во соработка со Црвениот крст од Куманово ја организираа оваа акција. Се надевам дека рекордот од предходните акции кој беше 135 крвни единици ќе биде надминат, бидејќи на самиот почеток на акцијата има голем интерес кај членовите и граѓаните воопшто, - изјави Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ Куманово.
Членовите на СДСМ на секоја акција избираат кум, а оваа година тоа е Нинослав Трајковски, поранешен директор во ОУ „Толи Зордумис“.
„Јас сум крводарител и за мене е чест да бидам кум на оваа манифестација. Ова е начин крводарителите по акцијата да се соберат и да се дружат“, - изјави Трајковски.
Од партијата следната акција ја најавуваат за крајот на јули.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk